Објавено на:

Фашизмот во Европа повторно во налет – Говори на Хитлер ечат во меѓуградски транспорт

t

Патниците во меѓуградски воз во Австрија беа вџашени кога преку разгласот беше пуштена снимка од говор на Адолф Хитлер. Наместо вообичаените најави, можеше да се слушне и звук на толпа која извикува „Хајл Хитлер“ и „Сиг Хајл“ од системот за озвучување во возот. Операторот рече дека имало неколку вакви инциденти последниве денови.

Еден патник на линијата Брегенц-Виена изјави за Би-Би-Си дека сите во возот биле „целосно шокирани“. Дејвид Стогмулер, пратеник од Партијата на зелените, рече дека говорот на нацистичкиот германски лидер се слушал преку звучниците непосредно пред возот да пристигне во Виена.

„Прво имаше 30 секунди говор на Хитлер, а потоа слушнав „Си хајл“. Стогмулер рече дека персоналот на возот не можел да ја запре снимката и дека не можел да дава свои соопштенија. „Еден член на екипажот беше навистина вознемирен“, додаде тој.

Во соопштението од Австриските федерални железници (ОББ) се вели: „Јасно се дистанцираме од содржината. Можеме во моментов да претпоставиме дека соопштенијата биле пуштени од луѓе директно во возот преку интерфонот. Ние го пријавивме случајот во полиција“, соопшти ОББ.

Поднесени се пријави против две лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британија привремено го повлекува целиот персонал од…

Велика Британија соопшти дека привремено го повлекува…

Босна и Херцеговина привремено ги затвора амбасадите…

Заедничките институции на БиХ започнаа подготовки за…

Одморалиштето на Пониква утре ќе прими пациенти…

Одморалиштето на Пониква утре ќе прими пациенти…

Рокас без предвидување за извештајот на ЕП:…

Евроамбасадорот Михалис Рокас рече дека не може…

Просечната нето плата во април 45.452 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во…