Објавено на:

САД се дистанцираат од украинскиот прекуграничен напад во Русија

t

Вашингтон не поддржува напади надвор од границите на Украина, нагласи во понеделникот американскиот Стејт департмент откако беше прашан за нападот на група саботери во рускиот регион Белгород.

Новиот портпарол на одделот, Метју Милер, не се осврна на извештаите за украинските милитанти кои користеле американска воена опрема за време на нападот, но потврди дека обезбедувањето на Украина со повеќе оружје, потенцијално вклучувајќи борбени авиони Ф-16, е приоритет за американската влада и за нејзините сојузници.

„Многу јасно им ставивме до знаење на Украинците дека не помагаме или поттикнуваме напади надвор од границите на Украина, но мислам дека е важно да се направи чекор назад, да се потсетиме на сите и да го потсетиме светот дека Русија е таа што ја почна оваа војна. Значи, Украина треба да одлучи како сака да ги спроведе своите воени операции, но Русија е агресорот во оваа војна “, истакна Милер.

Најмалку осум цивили беа ранети во нападот на група украински милитанти кои во понеделникот ја преминаа границата кон Русија во регионот Белгород. Руските безбедносни сили беа распоредени за да ги елиминираат, изјави регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков.

Москва го опиша нападот како рекламен трик за да се одврати вниманието на јавноста од поразот на Украина во Артјомовск, градот во Донбас претходно познат како Бахмут, за време на викендот.

САД и нивните сојузници ѝ обезбедија на владата во Киев до крајот на 2022 година оружје, опрема и муниција во вредност од најмалку 100 милијарди долари, покажуваат проценките на руското Министерство за одбрана.

Москва постојано предупредува дека ако Западот продолжи да ја „пумпа“ Украина со оружје, ситуацијата може да ескалира со директна конфронтација, но западните официјални лица тврдат дека давањето воена, финансиска и политичка помош на Украина не ги прави страна во конфликтот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Дарко Златев, еден од повредените во…

Дарко Златев, еден од повредените во пожарот…

МНР со апел до граѓаните да се…

МНР со апел да се избегнуваат патувања…

(Видео) Вистински херој од Виница: Бесплатно ќе…

Во време кога солидарноста е најпотребна, Борчо…

Големите експерти во енергетика: Шест дена рек…

Откако на 18 јуни Термоблокот 2 од…

(Фото) Се бара оставка на Владата: Бројни…

Во центарот на Скопје, во близина на…