ТАГА ВО СКОПЈЕ: Почина младото момче, продавач на „Лице в лице“
„Лице в лице“ информира дека починал 21-годишниот Мемет, кого скопјани го познаваа од дебармаалските улици.
Со тага и неверување споделуваме со вас дека поради здравствени компликации почина Мемет, нашиот продавач од редовите на Daycare Centre for street children/ Дневен Центар за деца на улица, соопштија од „Лице в Лице“.
Публиката на „Лице в лице“ го гледаше често во неговото омилено Дебар Маало, стои на социјалните мрежи.
„Не останувавме рамнодушни на неговата насмевка, на мекоста и топлината кои зрачеа од него. Ќе го паметиме Мемет како кроток и љубезен млад човек, вреден и скромен. Другаруваше со сите продавачи на списанието, тука беше да сподели трик, да каже нешто за добрината. Веруваше во љубовта и грижата на луѓето кои секогаш го поддржуваа. Сонуваше да сними рап песна и да стане познат рапер. Сочувство до семејството и блиските“, се вели во објавата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…
Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…
(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…
Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…
Курти по изјавата на Трамп: Треба да…
Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…