Роберт Кенеди: Вашингтон и Киев лажат, Украина загуби околу 350.000 војници
Украина загуби околу 350 илјади војници, изјави кандидатот на Демократската партија за функцијата американски претседател Роберт Кенеди Џуниор, но дека за тоа не се разговара.
Тој ги обвини американската и украинската влада за криењето на вистинскиот број на жртви и потсети на фактот дека властите лажеле за пандемијата на корона вирусот и војната во Ирак.
„Мислам дека администрацијата и Пентагон не се фер кон американскиот народ во врска со реалниот број на украински жртви. Мислам дека и украинската влада лаже“, смета Кенеди.
Според него, американската администрација го крие од Американците не само бројот на жртвите, туку и вистинската причина за избувнувањето на украинскиот конфликт.
„Ни беше кажано дека овој конфликт претставува наш одговор на нелегалната и насилна агресија на Путин. Сепак, неоконзервативците во Белата куќа го подготвуваа и провоцираат овој конфликт десет години и продолжуваат да избегнуваат какви било разговори за мир и каков било обид за решавање на конфликтот“, истакна тој.
ЕУ во мај објави дека од почетокот на специјалната воена операција во Украина, украинската армија загубила само 13 илјади луѓе и дека 35 илјади се ранети. Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу тогаш процени дека само во мај изгубиле повеќе од 15.000 војници.
Во април, агенцијата „Ројтерс“, повикувајќи се на протечени американски документи, објави дека Украина изгубила меѓу 124.500 и 131.000 војници кои биле убиени и ранети.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел нема да прекине додека не го…
Израелската операција против Иран „нема да заврши…
Израел со 60 авиони го нападна Иран
Израелските воздухопловни сили извршија голем бран воздушни…
Израелски тенк пукал во толпа и убил…
Израелски тенкови денеска отвориле оган врз толпата…
Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…
Повеќе од шест месеци – уште од…
Студентите поднесоа нова кривична против Вучиќ за…
Студентите кои ги блокираа правните и медицинските…