“Пример за соживот”: На Албанците им пречат македонските имиња во учебниците на албански јазик
Родителите на децата кои учат на албански јазик во Македонија, по дистрибуцијата на новите учебници, се побуниле што во текстовите, задачите и примерите во учебниците на албански јазик биле користени македонски имиња, како Иван, Игор, Јованка и слично, а не македонски.
За ова се побара одговор и од министерот за образование Јетон Шаќири, кој ја уверува абанската јавност дека и во учебниците на македонски јазик има примери со албански имиња, но и кај учебниците за други националности. Според Шаќири, ова е концептот на образование во Македонија.
Како што се Иван и Игор во учебниците на албанскиот јазик, така и Арбен, Илза, Шкроњ се во текстовите на македонскиот јазик. Можете и сами да проверите по математика, јас самиот сум проверил кога се покрена како прашање. Сам ги проверив сите е-книги, има преку 10 страници кои ги најдов. Апелирам и до вас, да видите дека во македонските учебници се земаат ученици Албанци за пример, да беше само Иван во албанските учебници, а Газменд да го немаше, дефинитивно ќе барав поправка, но тоа е ново прашање на подготовка на учебниците, има и имиња од турска националност и други кои се земени како примери, рече Шаќири, а пренесе ТВ21.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од употреба се повлекуваат 14 учебници за…
Националната комисија за учебници одлучи да повлече…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…