Објавено на:

Му дошле пред куќа и се карале, извадил пиштол, едниот го убил, другиот тешко ранил, убиство во велешко

t

Шеесет и едно годишен жител на село Подлес велешко вчера попладне пукал во двајца Велешани, при што едниот го убил додека другиот го ранил. Влешаните попладнето дошле пред неговата куќа и имале расправија. По расправијата тој извадил пиштол и пукал кон нив.

– Шеесет и едно годишниот С.И, жител на Подлес, вчера, попладне пред неговата куќа, прво учествувал во расправија со М.В и М.Д од Велес а потоа од пиштол „Црвена Застава“ испукал неколку куршуми кон двајцата велешани. Од здобиените повреди во амбулантата во Градско полинал М.Д (42) додека со тешки телесни повреди здобиени М.В (44) е транспортиран во велешка болница. Смртта кај М.Д ја констатирал лекар на Итна медицинска помош од Велес.

-Увид на местото извршиле екипа од СВР Велес и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција, соопштија од СВР Велес.

Пиштолот бил пронајден и одземен, а С.И. бил задржан во полициска станица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…