Објавено на:

Бајкар: Успешно пробно лансирање на новата турска мини паметна крстосувачка ракета

t

Турската компанија Бајкар изврши успешен тест на лансирање нова ракета, а се работи за паметната мини крстосувачка ракета „Бајрактар Кеманкеш“, јави агенцијата Анадолија.

Пробното лансирање на ракетата со мотор беше извршено во комплексот Кесан во Едрене, а Бајкар најави дека тоа е продолжение на успешната работа на полето на развој на нови технологии во областа на одбранбената индустрија.

Ракетата беше лансирана од беспилотното летало на Бајкар, Бајрактар ТБ2, на 20 километри од предвидената цел што ја погоди.

Кеманкеш првпат беше претставена на неодамна одржаниот Технофест во Истанбул, а таа е нов домашен турски производ од одбранбената индустрија.

Оваа паметна ракета е развиена за да ја зголеми офанзивната способност против стратегиски цели со беспилотното летало Бајрактар ТБ2, како и со сите други авиони на Бајкар.

Се очекува да биде во масовно производство до крајот на оваа година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ИЈЗ со препораки за заштита на повозрасните…

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) утрово објави…

МНР во комуникација со семејството на момчето…

Министерството за надворешни работи информира дека до…

(Видео) Резил: Руте го нарече Трамп „тато“

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес…

Левица: Македонија ќе одвојува 5% од БДП…

Дводневниот самит во Хаг го покажаа вистинското…

Шекеринска: Без дијалог Белград–Приштина, нема напредок кон…

Заменик-генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска, во…