ШТО НЕ ЈА СОПРЕ ВОЈНАТА ПОРАНО? Зеленски му одговори на Трамп за изјавата дека може да донесе мир за 24 часа
Украинскиот претседател Володимир Зеленски не смета дека поранешниот американски претседател Доналд Трамп може да донесе мир во Украина за 24 часа ако се врати во Белата куќа, како што Трамп изјави минатиот месец.
Зеленски во интервју за Ен-Би-Си Њуз во врска со ова рече:
– Зошто не го направи тоа порано? Тој беше претседател кога се водеше војната овде. Мислам дека тој не можеше да го стори тоа. Мислам дека нема луѓе денес во светот кои би можеле само да имаат збор со Путин и да ја прекинат војната.
Зеленски тука мислеше на војната на Крим во 2014 година додека Трамп беше претседател.
Борбите во 2014 година избуванаа набргу откако тогашниот претседател на Украина, Виктор Јанукович, беше соборен од власта во Киев.
Зеленски ги покани Трамп и неговиот колега од републиканската партија Рон Де Сантис да дојдат во Украина, предупредувајќи дека поразот на неговата земја ќе значи само поширок конфликт со Москва подоцна.
Интервјуто на Зеленски доаѓа неколку дена по почетокот на долгоочекуваната контраофанзива, чија цел е да ги избрка силите на рускиот претседател Владимир Путин од окупираната територија. Според Зеленски, ако контраофанзивата е успешна, Русија ќе ја изгуби војната.
Зеленски рече и дека вестите од првата линија на фронтот се „во принцип позитивни“, но додаде дека контраофанзивата „е многу тешка“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тројца лишени од слобода за разбојништво во…
На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…
Адвокатот на Палевски предлага ослободителна пресуда
Адвокатот Јовица Страшески на денешното судско рочиште…
Гужва на граничните премини: На Богородица задржувањето…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди…
„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за…