Kиев почна контраофанзивата во неколку сектори на фронталната линија
Во Украина пак продолжува војната. Киев тврди дека ја почнал контраофанзивата во неколку сектори на фронталната линија на Запорожје и дека се наближува кон Доњецк.
Според последните извештаи на британските воени разузнавачи, украинската армија ги искористила последните неколку денови за прегрупирање на силите и се подготвува за операции во три насоки во регионот.
Британското Министерство за одбрана извести дека војската на Украина прави „постепен, но тактички напредок“ во деловите на земјата под контрола на Русија.
„Украинските сили се позиционираа и продолжуваат со големите офанзивни операции на три главни оски во јужна и источна Украина“, објави лондонското министерство во секојдневното ажурирање на конфликтот на Твитер.
Тие го искористија искуството од првите две недели од контраофанзивата за „да ја усовршат тактиката за напад на длабока, добро подготвена руска одбрана“, се додава. Московските сили за возврат направија „значителни напори“ да напредуваат во шумската област во близина на Кремин во источниот регион Луганск.
„Ова веројатно ги одразува постојаните наредби од руското раководство да се оди во офанзива секогаш кога е можно“, соопшти Министерството, повикувајќи се на извештаи на британските разузнавачи.
Британското министерство секојдневно објавува ажурирања за напредокот на војната откако Русија ја започна својата целосна инвазија на Украина пред околу 16 месеци. Москва го обвинува Лондон за дезинформации.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Град Скопје објави јавен повик за субвенции…
Град Скопје објави Јавен повик за доделување…
Трамп закажа средба во Белата куќа со…
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп…
Во Појасот Газа за 24 часа убиени…
Палестинското Министерство за здравство соопшти дека во…
Вучиќ најави голема воена парада во Белград…
Српскиот претседател Александар Вучиќ за време на…
Расчистена кражба после година и пол: Од…
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…