Објавено на:

Ќерката на Сергеј Суровикин демантира дека нејзиниот татко е уапсен

t

Ќерката на рускиот генерал Сергеј Суровикин се огласи на Телеграм, односно на каналот Баз, каде изјави дека тој не е уапсен, туку дека бил на своето работно место.

Ќерката на Сергеј Суровикин, Вероника, во објавата посочи дека извештаите за притворот не се точни. Според неа, „ништо не му се случило на Суровикин, и никој не го уапсил, бидејќи тој е на своето работно место“.

Таа потсети и дека Суровикин „никогаш не се појавувал секој ден во медиумите и не давал изјави“. Сопругата на генералот Суровикин одби да ги коментира гласините за неговото апсење.

Извештаите за апсењето се појавија синоќа. Медиумите објавија дека тој е уапсен бидејќи е откриено дека го поддржува бунтот на шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, и дека е сместен во затворот Лефортово.

Сепак, не е јасно дали тој му помогнал на Пригожин да ги испланира своите потези, пишува Њујорк тајмс, цитирајќи претставници информирани од американските разузнавачки служби. Според весникот, тие исто така веруваат дека и други руски генерали би можеле да бидат вклучени во обидот на бунтовниците од „ Вагнер“ да го замени раководството на Министерството за одбрана.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земјотрес ја погоди Албанија

Силен земјотрес ја погоди Албанија вечерва, јави…

Светот може да здивне: Иран официјално објави…

Денес, во порака до нацијата, претседателот на…

Томовски: Претходната влада трошеше недомаќински

Директорот на Службата за општи и заеднички…

Нетанјаху: Остваривме историска победа, му благодарам на…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата…

Руте: Незамисливо е Русија да нè престигне…

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…