Објавено на:

Вознемирувачки податоци: Луѓето консумираат опасни дроги повеќе отколку што се мислеше, а ова се најчестите

t

Според извештајот на ОН, повеќе луѓе отколку што претходно се мислеше користат нелегални дроги.

13,2 милиони луѓе користеле некаква нелегална дрога во 2021 година, според извештајот на ОН. Тоа е за 18% повеќе од проценетата бројка, додаваат тие.

Синтетичките супстанции како фентанил и метамфетамин доминираат на нелегалниот пазар на дрога.

На глобално ниво, бројот на корисници на дроги е зголемен за 23 проценти, а нарушувањата поврзани со дрога се зголемиле за 45 проценти во последната деценија.

Меѓу оние кои најлесно посегнуваат по дрога се лица со ментални нарушувања, лица со понизок социо-економски статус и млади луѓе, се додава во соопштението.

Источна Европа и Северна Америка имаат повеќе интравенозни корисници на дрога отколку Источна и Југоисточна Азија. Фентанилот го промени пазарот на опиоиди во Северна Америка, особено кога станува збор за смртност.

Врз основа на податоците од 18 земји, мажите се дрогираат пет пати почесто од жените. Но, загрижува фактот што ќе им дадат до знаење на партнерите што прават.

Во исто време, само еден од пет лица ќе биде подложен на третман, според податоците на ОН, при што повеќето жени се соочуваат со препреки, пишува Би-Би-Си.

Причините за ваквите бројки се многубројни: КОВИД-19, страв од правни санкции, социјална стигма, негрижа за децата и страв од губење на старателството над децата.

Гада Вали, шеф на Канцеларијата на ОН за дрога и криминал, вели дека во многу случаи, третманот не успеал да стигне до оние на кои им е потребно.

„Мораме да ја засилиме борбата против синџирите за шверц на дрога кои ги искористуваат конфликтите и глобалните кризи за да го прошириме одгледувањето и производството на нелегални дроги, особено синтетички дроги, поттикнувајќи ги нелегалните пазари и предизвикувајќи поголема штета на луѓето и заедниците“, рече таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од ноќеска ново поскапување на дизелот, ова…

Малопродажнaта цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се…

Костадинов ги повика политичарите на ВМРО-ДПМНЕ од…

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов ги повика…

Велибор Манев пред судот: „Сум манипулиран и…

Обвинетиот Велибор Манев, кој се товари за…

(Видео) Фирма на функционер на ВМРО-ДПМНЕ од…

Лиценца за испитен центар се издава за…

Власта бесрамно се фали со донациите на…

Левица ја оценува како крајно дрска и…