Макрон ја одложи посетата на Германија поради хаосот во земјата
Францускиот претседател Емануел Макрон ја одложи посетата на Германија поради хаосот во земјата.
Тоа требаше да биде прва државна посета на француски претседател на Германија по 23 години, а требаше да трае од утре до вторник.
„Германското претседателство соопшти дека францускиот претседател Макрон денеска телефонски разговарал со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер и го информирал за ситуацијата во неговата земја. Претседателот Макрон побара одложување на планираната државна посета на Германија.
Штајнмаер жали за откажувањето и целосно ја разбира ситуацијата во нашата соседна земја“, се вели во соопштението.
Се уште не е договорен нов датум за патување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Премиерот повторно излажа: За учество на избори…
Да се тврди дека зголемувањето на прагот…
Од ноќеска ново поскапување на дизелот, ова…
Малопродажнaта цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се…
Костадинов ги повика политичарите на ВМРО-ДПМНЕ од…
Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов ги повика…
Велибор Манев пред судот: „Сум манипулиран и…
Обвинетиот Велибор Манев, кој се товари за…
(Видео) Фирма на функционер на ВМРО-ДПМНЕ од…
Лиценца за испитен центар се издава за…