Објавено на:

Адвокат и нотар вмешани во измама: За продажба на едно возило направиле ХАОС – еве за што ќе одговараат

t

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.М. (50) од Тетово, поради постоење основано сомнение дека сторил четири кривични дела, и тоа: „фалсификување исправа“, „употреба на исправа со невистинита содржина“, „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „злоупотреба на лични податоци“, Х.И.(44) од с.Голема Речица, поради постоење основано сомнение дека сторил три кривични дела, и тоа: „измама“, „злоупотреба на лични податоци“ и помагање во врска со кривично дело „фалсификување исправа“, К.А.(36) од с.Голема Речица поради постоење основано сомнение дека сторил две кривични дела и тоа: „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“ и Н.Т.(43) од Тетово, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „несовесно работење во службата“.

Имено, првопријавениот А.М., во својство на адвокат и третопријавениот К.А. на 17.05.2023 направиле лажен купопродажен договор за патничко возило како да е склучен помеѓу едно лице од с.Требош – како продавач и пријавениот К.А. и уште едно лице – како купувачи. При изготвување на договорот А.М. изготвил и Изјава на име на Х.И., а потоа истата ја заверил кај нотар. Потоа, Н.Т. во својство на нотар направил препис на Договорот, но наведените податоци не се совпаѓале со податоците кои биле наведени во штембилот, а потоа и препис на документ кој не бил оригинал, бидејќи купопродажен договор не постоел, со што со извршениот препис, купопродажниот Договор станал валиден, додека третопријавениот К.А. направениот препис го употребил на технички преглед и патничкото возило „голф 5“ го префрлил на свое име, а потоа го продал на друго лице.

Исто така, второпријавениот Х.И., сакајќи да го продаде возилото, го зел од Н.И., а по неколку денови Х.И., му го дал на А.М. возилото со клуч и сообраќајна дозвола на име на Н.И., по што истиот направил лажен договор и возилото му го продал на третопријавениот К.А.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Toшковски го пофали обвинителството: Обвинението пристигнало во…

Претседателот на кочанскиот суд, Спиро Борисов, во…

(Видео) Пеката од ВМРО-ДПМНЕ како студент имал…

Во најавената епизода на „На кавга со…

Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…

Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…