Пентагон остана без галиум
Американската министерка за финансии Џенет Јелен при посетата на Кина го отвори прашањето на трговски блокади на руди на ретки елементи што се неопходни во производството на чипови и на електронски уреди воопшто.
Германиумот има својства на полупроводник, поради што се користи во производството на хипербрзи компјутерски чипови, но и воени апарати, како уреди за ноќни визири или сензори за сателити. Галиумот е метал што се користи во производство на радари, уреди за радио-комуникација, сателити и светилки. Поради воената намена, овие елементи се сметаат за стратегиски важни за САД. Една од причините поради која Јелен го посети Пекинг е одлуката на Кина од 1 август строго да го ограничи извозот на германиум и галиум. Елементите се користат и за производство на електрични возила и за оптички влакна.
Пентагон објави дека чува германиум, но ги исцрпил стратегиските резерви на галиум.
– Одделението за безбедност проактивно прави чекори во насока да се зголеми домашното производство и обработката на критични материјали што се користат за микроелектроника и за вселенска технологија, вклучувајќи ги галиумот и германиумот – објави во четвртокот претставник на Пентагон.
– Рестрикциите што ќе стапат на сила од 1 август ќе го забават производството на уреди за потребите на американската одбрана или значително ќе ги зголеми цените на овие производи – објаснува Арун Серафин, директор на Институтот за нови технологии при Националната асоцијација на одбранбена индустрија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Брутална тепачка на обиколница кај Скопје…
Инцидент каков што ретко се гледа се…
Медведев: Иран го гледа опстанокот во нуклеарната…
Заменик претседателот на Советот за безбедност на…
Бислимоски: Војната меѓу Израел и Иран ќе…
Војната меѓу Израел и Иран ќе има…
Ова ли е тоа тегнење за уши?…
Судот во Струга го прогласи за виновен…
Во Битола годинава 238 првачиња помалку од…
Новата учебна година во Битола ќе ја…