Објавено на:

Брутално убиен висок руски воен функционер

t

Застрелан е Станислав Ржицки, заменик-шеф на одделот за мобилизација во Краснодар, Русија, јавија руските медиуми. Според пишувањата на медиумите, Ржицки бил командант на подморницата Краснодар, а токму тој наредил истрелување на ракетите Калибар кон Украина.

Анонимни проруски канали на Телеграм објавија дека 42-годишниот Ржитски отишол на трчање во осум часот наутро. Во близина на спортскиот комплекс „Олимпип“ наишол на заседа од непознато лице кое му пукало четири пати во грбот и градите, а потоа избегало од местото на настанот. Тој починал на лице место.

Администрацијата на Краснодар ја потврди смртта на РБЦ, велејќи дека агенциите за спроведување на законот ја истражуваат неговата смрт. Администрацијата за ТАСС изјави дека „непознато лице пукало неколку пати во човекот и исчезнало“.

За неговото убиство извести и Антон Герашченко, советник во украинското Министерство за внатрешни работи.

„Станислав Ржицки, заменик-шефот на одделот за мобилизација во Краснодар, Русија, бил застрелан и убиен, јавуваат руските медиуми“, пишува Герашченко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…