(Видео) Путин му се одмазди на Ердоган?
Медиумите јавуваат дека вчера била бомбардирана турска воена база кај Алепо, во Сирија, при што загинале турски офицери и војници.
Повеќекратниот ракетен напад бил насочен кон турската база во близина на Истражувачкиот центар во градот Азаз во северниот дел на Алепо, пренесе „Атр прес“.
Локалните активисти известија дека во нападот загинале турски воени офицери, додека турските власти се уште не реагирале на информациите.
Турција незаконски контролира големи области на северна Сирија од 2018 година и одржува 114 воени локации и контролни пунктови во Алепо, Идлиб, Рака, Хасаке и Латакија.
Дамаск постојано го осудува военото присуство на Турција, кое го опиша како окупација, тврдејќи дека нивното присуство го спречува целосното ослободување на нејзините територии од тероризмот, пишува латиноамериканската новинска агенција Пренса Латина.
На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа чад над турската база по бомбардирањето.
На нив Русите се виновни за бомбардирањето на оваа турска база. Наводно нападот го извршиле руски авиони, но засега нема официјални информации од ниту една страна.
🚨🇷🇺🇹🇷 Just in: Russia attacks Turkish military base in Aleppo, #Syria. pic.twitter.com/k9aQ0IgS35
— Terror Alarm (@Terror_Alarm) July 10, 2023
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НАМЕСТО КОНТРОЛОРИ НА ЛЕТАЊЕ М-НАВ ЗА СЕКОЈ…
По добиена согласност од Министерството за финансии,…
Макрон ја отфрла идејата на Трамп за…
Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека…
Левица по третпат бара Надзорна расправа за…
Утре, Постојаната анкетна комисија за заштита на…
Гувернерот Славевски се пожали дека многу го…
Гувернерот Трајко Славевски во неговата објава на…
Полнете ги резервоарите – од полноќ поскапување…
Цените на горивата од вечерва на полноќ…