Објавено на:

(Видео) Одлуката на Кина создаде паника: Се прават залихи, владее вознемиреност, цела индустрија во неизвесност

t

Најавата на Кина дека од 1 август ќе воведе контрола на извозот на ретките метали галиум и германиум ги потресе пазарите.

Клиентите кои купуваат производи од галиум веќе почнаа да складираат залихи, пишува Ројтерс.

Најголемиот светски купувач на галиум, германската компанија Freiberger Compound Materials, тврди дека нејзините клиенти складираат специјални полупроводници направени од овој метал.

„Моите клиенти се вознемирени и сакаат да ги зголемат залихите на галиум. Бројот на нарачки се зголемува, а целата индустрија е на работ“, рече шефот на оваа германска компанија, Мајкл Харц.

Производителите на автомобили се во дилема, бидејќи не знаат дали можат да продолжат да се потпираат на галиумот, кој е многу важен за производството на електрични возила (ЕВ).

Се проценува дека Freiberger Compound Materials купува 10 отсто од глобалното производство на галиум и речиси целосно се потпира на добавувачи од Кина.

Оваа компанија има годишна продажба од 70 до 80 милиони евра, како и 65 отсто удел на пазарот на нафора со галиум арсенид, кој се користи во производството на паметни телефони или црвени LED диоди.

Се очекува Кина да ги прекине пратките на галиум и германиум на 1 август и да продолжи со трговијата со тие метали околу еден месец подоцна, кога ќе ги обработи барањата за лиценца на извозниците.

Харц не верува дека Кина целосно ќе ја прекине трговијата со галиум во следните неколку години, бидејќи тоа ќе и наштети на сопствената електронска индустрија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дали на светот му се заканува нафтена…

Воениот судир меѓу Иран и Израел доведе…

Нема веќе молк: Кочани на нозе, свирежи…

Улиците на Кочани беа сведоци на марш…

Макрон: Иран никогаш не смее да добие…

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска дека телефонски…

Пакистан ќе го предложи Трамп за Нобелова…

Пакистан денеска соопшти дека ќе го предложи…

Дали Трамп одлучи? Полетаа американските бомбардери

Шест стелт бомбардери B-2 Spirit од базата…