Објавено на:

Најголемиот производител на автомобили од НР Кина ќе гради фабрика во Европа

t

Најголемиот производител на автомобили од НРКина, концернот SAIC Motor, планира да изгради фабрика на територијата на Европа. Таму би се произведувале само електрични автомобили. Кинескиот мегаконцерн во своето портфолио ја има старата англиска марка MG, но производството на автомобили од таа марка во Британија беше прекинато во 2016 година, по што споменатата марка се пресели во земјата на новиот сопственик.

Кинескиот производител тврди дека во претходниот дванаесетмесечен период кој завршува на 31 декември, на Европејците им испорачал повеќе од сто илјади возила на четири тркала. Портпаролот на кинескиот производител на автомобили изјави за новинарите на Би-Би-Си дека се уште ги разгледуваат поситните детали околу спроведувањето на планот кој предвидува изградба на фабрика на нашиот континент.

Се уште не се знае каде ќе биде сместена фабриката, ниту пак кога треба да почне производството според плановите. Сепак, нема сомнеж дека ќе склопува производи кои се синоним за големиот успех на концернот на континентот, а тоа се електричните автомобили. Минатата година продале 5,3 милиони автомобили

SAIC Motor објави информација дека минатата година продал 5,3 милиони автомобили. Концернот негува неколку компании – заеднички вложувања со странски компании, па така функционираат во партнерство со германскиот Volkswagen, но и со американскиот производител на возила General Motors.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Левица Битола: Шминкерски и неупотребливи проекти…

*Објава на Левица Битола КАТАСТРОФАЛНИ ВЕЛО -…

Франција го блокира пристапот до израелските штандови…

Франција го блокираше пристапот до штандовите на…

Путин и Ердоган го осудија нападот на…

Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…

До крајот на месецов ќе се знаат…

Процесот на избор на кандидати за градоначалници…

НАМЕСТО КОНТРОЛОРИ НА ЛЕТАЊЕ М-НАВ ЗА СЕКОЈ…

По добиена согласност од Министерството за финансии,…