Ердоган: Путин и јас сме на иста страна
Турскиот претседател Ердоган изјави дека тој и Владимир Путин се на иста страна кога станува збор за продолжување на Договорот за извоз на жито од украинските пристаништа.
Ердоган, исто така, истакна дека се надева дека договорот ќе биде продолжен по 17 јули, како резултат на напорите на Обединетите нации и Турција, пренесе Ројтерс.
Портпаролот на Европската унија во четвртокот рече дека Европската комисија им помага на Обединетите нации и Турција во напорите за продолжување на Договорот за житарки и дека е „отворена за истражување на сите решенија“.
ОН и Турција посредуваа во иницијативата за склучување договор со Русија и Украина во јули 2022 година, со цел да се надмине светската криза во снабдувањето со храна, која настана по рускиот напад на Украина и блокадата на украинските пристаништа. Ердоган истакна и дека се надева оти Путин ќе ја посети Турција во август.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…
Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…
Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…
Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…
Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…
Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…
Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…
МАКЕДОНИЈА НА УДАР ОД ГЛОБАЛНИТЕ КРИЗИ: Како…
Продолжувањето на конфликтите на Блискиот Исток и…