Кривична против скопјанец за сторени три кривични дела – украл автомобил, пари и платежни картички
ЕВР Карпош, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против С.Н.(43) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „одземање возило“, „кражба“ и „тешка кражба“.
Како што соопшти МВР, по преземени мерки, извршено вештачење и претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, било утврдено дека ноќта помеѓу 06 и 07.02.2023 на ул.„Френклин Рузвелт“ во Скопје одзел патничко возило „сузуки витара“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.П.(43) од Скопје. Возилото било пронајдено и вратено на сопственикот.
Ноќта помеѓу 30.06 и 01.07.2023 на паркинг на ул.„Бранислав Нушиќ“ во Скопје, преку незаклучена врата од возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки тој одзел пари и платежна картичка со која пазарел.
Исто така, тој се сомничи дека во периодот од 01 до 03.07.2023 на паркинг на ул.„Орце Николов“ во Скопје со употреба на сила од возило „волво“ со скопски регистарски ознаки одзел пари, платежни картички и други предмети, по што со картичките пазарел.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Цените и на храната и пијалоците во…
Цените во Охрид уриваат рекорди. И на…
Толку беше од линеарното покачување, од септември…
Министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочовка појасни…
(ВИДЕО) Јакимовски: Конечно по 10 години, ќе…
Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски од…
Вучиќ очекува инциденти на денешните протести во…
„Според нашата проценка, се очекува насилството да…
Ужас во Пехчево: Млада жена турната низ…
Во објектот на Центарот за социјални работи…