Објавено на:

Путин избра наследник на Пригожин на кормилото на „Вагнер“?

t

Најверојатно нов лидер на „Вагнер“ ќе биде Андреј Трошев познат под прекарот „Седокосиот“. Станува збор за пензиониран полковник на руската армија и еден од основачите на „Вагнер“. Трошев е роден во април 1953 година во Ленинград, во поранешниот Советски Сојуз. Тој е ветеран од војните во Чеченија и Авганистан. За неговата служба во Авганистан, Трошев беше одликуван со два ордени на Црвена звезда – одликување на Советскиот Сојуз за исклучителна служба. Одликуван бил и за службата во Чеченија.

Според руските независни медиуми „Седокосиот“ бил дел од специјалниот одред за брз одговор на Северозападниот федерален округ на руското Министерство за внатрешни работи.

За неговата блискост со руските раководни структури зборува и податокот дека бил меѓу поканетите на приемот во Кремљ во декември 2016 година.

Тој веќе е на листата европски санкции поради неговот учество во борбите во Сирија каде бил началник на оперативниот штаб на „Вагнер“. Украина воведе санкции против Трошев на 26 февруари 2023 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…