Објавено на:

Во Централноафриканската Република пристигнаа неколку стотици припадници на „Вагнер“

t

Неколку стотици искусни борци на руската паравоена група „Вагнер“ пристигнаа во Централноафриканската Република за да ја „осигураат безбедноста“ во земјата пред референдумот што ќе се одржи на 30 јули, соопшти Заедницата на офицери за меѓународна безбедност, група која е тесно поврзана со Вагнер.

„Во Банга пристигна уште еден авион со инструктори за работа во Централноафриканската Република. Планираната ротација продолжува. Неколку стотици искусни професионалци од компанијата „Вагнер“ се приклучуваат на тимот што веќе работи во оваа земја“, соопшти безбедносната група.

Оттаму додаваат дека „руските инструктори ќе продолжат да им помагаат на војниците на централноафриканските вооружени сили и на агенциите за спроведување на законот во земјата“ пред уставниот референдум на 30 јули.

Заедницата на офицерите за меѓународна безбедност каналот Телеграма објави фотографија на која се гледаат 30 луѓе во воени униформи како стојат на пистата на аеродромот.

Според американските власти, оваа заедница на офицери е параван за групата „Вагнер“ во Централноафриканската Република. Од јануари е под американски санкции, а неа ја предводи Русинот, Александар Иванов.

Статусот на оваа приватна паравоена компанија и продолжувањето на нејзиното делување се неизвесни по неуспешниот пуч во Русија на 23 и 24 јуни.

Но, нејзините интервенции во странство, особено во Сирија и во неколку африкански земји како Судан, Централноафриканската Република и Мали, досега не беа јавно доведени во прашање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…