„Неговата судбина не е позната“: Рускиот генерал Суровикин сменет од позицијата?
Рускиот генерал Сергеј Суровикин, заменик командант на руските сили во Украина, е сменет од таа позиција и неговата судбина не е позната.
Ова тврдење го изнесе портпаролот на украинската воена разузнавачка служба, Андриј Јусов.
Украинската воена разузнавачка служба коментира дека конфликтите во руската воена елита започнале по бунтот на групата „Вагнер“, при што Суровикин го загубил статусот, објави „Киев Индипендент“.
Без разлика, крајната судбина на Суровикин сè уште е непозната, додаде портпаролот.
Според Јусов, преструктуирањето на руското воено раководство е во корист на Украина и може негативно да влијае на моралот и воената ефикасност на руските трупи на долг рок.
Генералот Суровикин беше врховен командант во Украина се додека не беше заменет од началникот на Генералштабот Валериј Герасимов, а не е виден во јавноста по бунтот на „Вагнер“ против Кремљ на 23 и 24 јуни.
Киевскиот весник наведува дека Москва не ги потврдила овие тврдења.
Шефот на комитетот за одбрана на руската Државна дума, Андреј Картаполов, само коментираше дека Суровикин „моментално одмара“ и дека „засега е недостапен“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Војници повредени при гаснење пожар во тетовската…
Двајца припадници на Армијата се повредни по…
Трамп му се потсмева на Путин: Реши…
Американскиот претседател Доналд Трамп се чини дека…
Лефков: 2 милиони денари за споменик за…
Пратеникот Миле Лефков објави дека се одобрени…
Иран истрела 400 балистички ракети, но околу…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека…
Инцидентот со ножеви во Чаир настанал поради…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…