Објавено на:

Зеленски тврди: Украина е подготвена годинава да почне преговори за членство во ЕУ

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговата земја е „целосно подготвена“ да почне преговори за пристапување во Европската Унија.

Одржав состанок за Европската Унија и нашите интеграции. Треба да ги започнеме преговорите за членство оваа година. Украина е целосно подготвена за тоа. Ние го правиме она што е потребно од наша страна, рече Зеленски во видео обраќање.

Тој додаде дека Киев, во исто време, прави се што е можно за тоа и Европската Унија да биде целосно подготвена, „точно оваа година“. Зеленски изјави дека разговарал со военото раководство за тоа „каде одиме напред и каде украинските сили се во дефанзива“.

„Во сите области првата задача е да се уништат што е можно повеќе окупатори, нивната опрема, залихи, магацини и штабови. Русија мора да губи секој ден – тоа е фер“, рече украинскиот претседател.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судот одреди парична казна од 10 илјади…

Судот во Струга го прогласи за виновен…

Вредноста на синдикалната минимална кошница за два…

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во…

Ова не е Израел, ниту Иран, ова…

Општинската организација на СДСМ во Конче реагира…

ОЈО потврди: Уапсено е лицето од Народна…

Уапсен вработениот во Народна Банка за кого…

Тројца лишени од слобода за разбојништво во…

На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…