Претрес во Кондово, пронајдени дрога, пушка и куршуми
Полициски службеници од Единицата недозволена трговија при СВР Скопје во содејство со полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, денеска го привеле триесет и едногодишениот Р.С. од скопското село Кондово.
Како што соопшти МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, автоматска пушка, неколку куршуми за автоматска пушка и осум саксии со развиени стебла од канабис сатива.
Р.С. бил задржан во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…
Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…
(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…
Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…
Курти по изјавата на Трамп: Треба да…
Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…