Бил прободен во стомак: Навивачот на Левски по оперативниот зафат е во стабилна состојба
Бугарскиот државјанин кој беше повреден пред натпреварот меѓу фдбалските клубови Ккупи и Левски е во стабилна состојба, откако вчера му беше извршен оперативан зафат потврдија за Канал 5 од клиниката за хируршки болести „Св.Наум Охридски.
Пациентот бил примен со убодна рана во пределот на стомакот, кај него е констатирана тешка телесна повреда и е хоспитализиран. По направените прегледи утврдено било дека има повреда на црниот дроб и по извршената хируршка интервенција, неговата состојба е стабилна.
Според првичните сознанија на обвинителството, до инцидентот дошло откако навивачи на „Левски“, со две возила со бугарски регистарски таблички, се движеле во близина на трговскиот центар „Чаирчанка”, каде прво влегле во вербална расправија со случајни минувачи и граѓани.
Потоа, бугарските навивачи ги запреле возилата и излегле од нив, по што вербалната расправија преминала во тепачка со групата граѓани кои излегле од околните објекти. При враќање во автомобилот, 29 годишен бугарски државјанин бил прободен со остар предмет во стомакот.
Со цел, како што посочуваат од обвинителството, утврдување на идентитетот на граѓаните кои учествувале во настанот и кои според првичните сознанија не биле дел од локална навивачка група, како и целосно расчистување на настанот, подигнати се траги од лице место кои ќе бидат предмет на вештачење. Покрај тоа, обезбедени се видео записи од камерите на системот „безбеден град” како и од околните објекти, а се преземаат и други дејствија за расветлување на случајот.
Двајца навивачи на фудбалскиот клуб Шкупи и деветнаесет на Левски од Софија се товарат за нарушување на јавниот ред и мир – пред и за време на натпреварот, а дел од нив и за физички напад на полициски службеници. Околу полноќ полицијата ги уапсила и двајцата навивачи на Шкупи кои го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка. Според МВР навивачите од Бугарија освен што го нарушиле јавниот ред и мир во Скопје, физички нападнале и полициски службеници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…
Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…
Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…
Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…
Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…
Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…
Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…
Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…