УЖАС во Германија: Девојка групно силувана, нејзиното момче брутално претепано
Млад човек од Сомалија е уапсен откако девојка била групно силувана во паркот Горлиц во Берлин, а нејзиниот партнер бил брутално претепан.
Силувањето се случило на 21-ви јуни, но полицијата дури во четвртокот објави дека е уапсен сомалиски државјанин (22). Полицијата не прецизираше во која фаза е истрагата и дали ги бара другите мажи кои ја силуваа младата жена (27) и го претепаа нејзиниот партнер (27).
За нападот што ја шокираше цела Германија, првпат се огласија берлинската полиција и јавното обвинителство. Инспекторите соопштија дека едниот ја силувал девојката, а другиот со разни предмети го претепал нејзиното момче (27) кое лежело на земја.
ПОЛИЦИЈАТА ДОЛГО МОЛЧЕШЕ
На заедничкото соопштение му претходеа бројни критики бидејќи полицијата подолго време молчеше за случајот. Но, во соопштението не се објаснува детално зошто до сега не објавиле информации за случајот.
Инспекторите се правдаа дека сакале да ги заштитат жртвите и дека не сакале да ја загрозат истрагата.
-Жртвите може да бидат сериозно трауматизирани, поради што сведочењето на полицијата и судот често е тежок товар за сите засегнати. Одлуката за сведочење треба да се донесе самостојно и без никакво влијание, се наведува во заедничкото соопштение на полицијата и државното обвинителство.
Инспекторите забележуваат дека не сакале да ја загрозат истрагата.
-Доколку резултатите од истрагата беа објавени предвреме, сторителите ќе беа предупредени, а мерките ќе беа залудни, се наведува во соопштението.
Истрагата се уште се обидува да ја расчисти позадината на злосторството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…