Објавено на:

Француската армија нема да ги евакуира француските војници од Нигер

t

Евакуацијата на француските војници кои се наоѓаат во Нигер не е „на дневен ред“, соопшти денеска генералштабот на француската армија во моментот кога Франција ја почна операцијата за евакуација на своите граѓани од земјата каде што беше соборен избраниот претседател во воен удар.

Операцијата за евакуација се однесува на цивили, француски и европски државјани за да се осигури нивната безбедност по минатонеделниот пуч, се вели во соопштението.

Покрај тоа, три авиони Ербас А330 и А330 веќе отпатуваа од југот на Франција кон цивилниот аеродром во Ниамеј, главниот град на Нигер.

Од Генералштабот не можеа да прецизираат колку граѓани избрале да ја напуштат државата.

Во државен удар во Нигер минатата недела, предводен од генералот Абдурахман Тијани, избраниот претседател Мохамед Базума беше сменет. Тијани го оправда пучот со влошувањето на безбедносната состојба во земјата погодена од насилството на екстремистичките групи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земјотрес ја погоди Албанија

Силен земјотрес ја погоди Албанија вечерва, јави…

Светот може да здивне: Иран официјално објави…

Денес, во порака до нацијата, претседателот на…

Томовски: Претходната влада трошеше недомаќински

Директорот на Службата за општи и заеднички…

Нетанјаху: Остваривме историска победа, му благодарам на…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата…

Руте: Незамисливо е Русија да нè престигне…

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…