Објавено на:

(Видео) Вучиќ: Со силна вера и душевен мир го пречекав мојот драг пријател Стево Пендаровски

t

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, го прими претседателот на Македонија, Стева Пендарвоски, со кого го посетија манастирот Свети Прохор Пчињски и им се поклонија на моштите на овој светител.

„Секогаш кога ќе дојдам кај Прохор Пчињски овде се е се поубаво! Самиот манастир со векови ја споделуваше судбината на нашиот народ, претрпе разурнувања, но и воскресна од пепелта, се спротивстави на искушенијата, беше собиралиште и столб на одбраната на нашата вера и дух“, напиша Вучиќ на инстаграм и додаде дека е важно да живееме со чисти срца.

„На ова место кое нè потсетува на важноста на заедништвото и простувањето и не потсетува да живееме со чисто срце, со силна вера и душевен мир, го пречекав мојот драг пријател Стево Пендаровски. Ова ќе биде можност да продолжиме со нашите дискусии. за натамошно зајакнување на братските односи меѓу Србија и Македонија“, напиша претседателот Вучиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кавадарчанец пронашол експлозив во ѕидот од својот…

Жител на Кавадарци при реновирање во неговиот…

Додик најави дека ќе има средба со…

Претседателот на Република Српска Милорад Додик, кој…

Израел се заканува дека ќе го „елиминира“…

По најновиот бран ирански ракетни напади, израелскиот…

Дизелот поскапува за 2,5 денари

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…

Полициско возило и „ауди“ направиле сообраќајка: Петмина…

На булеварот „Србија“ и улиците „3 Македонска…