Украина подготвува масовни напади врз Русија?!
Украина најверојатно се подготвува да изврши масовен напад со беспилотни летала врз Москва, оценува американскиот Волстрит Журнал (VSJ).
Весникот наведува дека со своите најнови напади, украинската страна го „тестирала“ рускиот систем за противвоздушна одбрана како подготовка за масовен напад од голем број беспилотни летала. Според VSJ, тие можат да летаат од различни правци и на различни висини.
Изминатава недела , украинската страна изврши напади со беспилотни летала кои погодија една од кулите на меѓународниот деловен центар Москва Сити.
Силите за воздушна одбрана денеска соборија шест беспилотни летала за време на лет над регионот Калушка на територијата на Русија. Нема повредени или штети, соопшти регионалниот гувернер Владислав Шапша.
Руското министерство за одбрана потврди дека над регионот Калушка се уништени шест беспилотни летала и ја обвини Украина дека се обидела да „изведе терористички напад со беспилотни летала“.
Беспилотните летала се идентификувани од „Њујорк Тајмс“ како Bobber и UJ-22 Airborne. Сите се користени за гаѓање цели во Русија, вклучително и Москва, а нападите стануваат се почести. Бројот на беспилотни летала камикази кои полетаа во Русија во периодот од мај до јули беше двојно поголем од вкупниот број за целата 2022 година.
Бројот на беспилотни летала камикази лансирани на руска територија помеѓу мај и јули беше двојно поголем од вкупниот број за цела 2022 година. Само во Москва имаше шест напади од нападот на Кремљ на 3 мај, вклучително и еден напад изведен во неделата во финансиската област на градот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Британија привремено го повлекува целиот персонал од…
Велика Британија соопшти дека привремено го повлекува…
Босна и Херцеговина привремено ги затвора амбасадите…
Заедничките институции на БиХ започнаа подготовки за…
Одморалиштето на Пониква утре ќе прими пациенти…
Одморалиштето на Пониква утре ќе прими пациенти…
Рокас без предвидување за извештајот на ЕП:…
Евроамбасадорот Михалис Рокас рече дека не може…
Просечната нето плата во април 45.452 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во…