Објавено на:

(Видео) Силна експлозија во турско пристаниште на Мраморно Море, има повредени

t

Во турското пристаниште Деринџе на Мраморно Море одекнала силна експлозија.

Експлозијата се случила во момент на товарење жито на брод, околу 14:40 часот по локално време, јави Си-ен-ен Турк.

Експлозијата се почувствувала и во блискиот град Голџук, а облаци чад се гледале од различни делови од градот.

Според турските медиуми повредени се најмалку 10 лица. На лице место дошле пожарникари, брза помош и антитерористички единици.

Градоначалникот на Деринџе Зеки Ајгун кажа дека властите на почетокот мислеле дека се случил земјотрес поради големата бучава, но брзо сфатиле дека станува збор за експлозија.

„Ова е сериозен инцидент. Тука има 40 силоси, а два експлодираа“, наведе Ајгун.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Погодена амбасадата на САД во иранскиот напад…

Амбасадорот на САД во Израел, Мајк Хакаби,…

Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?

Расте можноста конфликтот Иран-Израел да ескалира понатаму…

Aмериканците кренаа раце од нас? Хил: САД…

Поранешниот амбасадор на САД во Србија смета…

„Вината за Кочани е во врвот на…

„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се…

Тошковски: Ја намаливме стапката на криминал во…

Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, во…