Италијанец загинал кога врз него паднале илјадници пити кашкавал, секоја тешка 40 килограми
74-годишниот Џакомо Чипарини бил смачкан до смрт од илјадници огромни пити кашкавал, од кои секоја тежела околу 40 килограми.
Трагедијата се случи откако вчера пукнала полица во неговиот магацин во Ломбардија, северна Италија, создавајќи домино ефект во кој се урнале илјада пити, објасни за AFP пожарникарот Антонио Дуси.
Тој додаде дека спасувачите „морале рачно да ги преместат сирењата и полиците“ и дека „им биле потребни околу 12 часа“ за конечно да го пронајдат телото на загинатиот маж, пренесува Гардијан. Магацинот, кој се наоѓа во гратчето Романо ди Ломбардија во близина на Бергамо, содржел 25.000 пити од кашкавалот „Гран Падано“, тврдо сирење кое наликува на пармезан и е многу популарно во Италија.
Некои од питите наводно паднале од височина од околу 10 метри, а локален жител за италијанските медиуми изјавил дека падот звучел „како гром“. Причинетата економска штета е проценета на 7 милиони евра. Зборувајќи за италијанските медиуми, еден сосед го опишал Чипарини како „дарежлив“ човек.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Премиерот повторно излажа: За учество на избори…
Да се тврди дека зголемувањето на прагот…
Од ноќеска ново поскапување на дизелот, ова…
Малопродажнaта цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се…
Костадинов ги повика политичарите на ВМРО-ДПМНЕ од…
Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов ги повика…
Велибор Манев пред судот: „Сум манипулиран и…
Обвинетиот Велибор Манев, кој се товари за…
(Видео) Фирма на функционер на ВМРО-ДПМНЕ од…
Лиценца за испитен центар се издава за…