Геополитички колапс на Франција! „Руска Африка“ станува реалност, поради серијата дипломатски порази на Макрон
Неуспесите на Париз на полето на воената, политичката и културната соработка со Африка доведоа не само до интензивирање на антифранцуските чувства на континентот, туку и до раст на влијанието на Русија, Кина и САД. се наведува во отворено писмо на 92 француски сенатори до претседателот Емануел Макрон, објавено во весникот „Фигаро“.
„Денес Нигер, вчера Мали, Централноафриканската Република, Буркина Фасо – ја отфрлија Франција, француските сили, француските компании. Во последните години членовите на француската влада ги камуфлираат своите неуспеси обвинувајќи ги за носталгија сите оние кои не се согласуваат со политиката на „Француска Африка“, што подразбираше неформално старателство на поранешните колонии. Денес, вчерашната француска Африка се претвора во воена руска Африка, економска кинеска Африка и дипломатска американска Африка“, се наведува во писмото.
Тие истакнаа дека по неуспехот на француската операција „Бархан“ доаѓаат и други паравоени формации и се подготвени да соработуваат со водачите за да го соберат населението против поранешната колонијална сила.
Сенаторите предупедија на постепеното опаѓање на улогата на францускиот јазик на континентот поради зголемената популарност на англискиот јазик.
„Африка, пријателски континент, се чини дека престана да ја разбира Франција и се повеќе ја оспорува нејзината улога и присуство“, додаваат тие и го повикаа францускиот претседател да заземе јасен став по ова прашање.
Шефот на државата Макрон се уште официјално не одговорил на писмото, но на зборовите за воениот неуспех реагираше министерот за вооружени сили Себастиен Лекорну, кој рече дека операцијата „Бархан“ „не била неуспешна“.
Лекорну нагласи дека француските војници „спасуваат илјадници животи и ги штитат француските граѓани соочувајќи се со терористичките групи во овој дел на Африка“.
Француската армија во Африка
Франција ја започна операцијата Бархан во август 2014 година за борба против исламистичките групи во Мали, Буркина Фасо, Мавританија, Нигер и Чад. Тоа беше продолжение на операцијата „Сервал“ која беше спроведена во Мали од 2013 до 2014 година.
Според податоците на Министерството за вооружени сили, во операцијата „Бархан“ учествувале повеќе од 5.000 луѓе, додека француските загуби за време на двете операции изнесуваат 58 војници.
Кон крајот на 2021 година, владата на Мали, каде што беа концентрирани главните сили на францускиот ограничен контингент, побара Париз што поскоро да ги повлече своите трупи од таа африканска земја.
Овој услов беше исполнет во август 2022 година, кога најголемиот дел од францускиот воен контигент беше префрлен во соседен Нигер, каде што се случи воен удар на 26 јули 2023 година, чии учесници, пак, исто така побараа повлекување на француските трупи од нивната земја
Во главниот град на Нигер има голема француска воздухопловна база со околу 1.500 војници. На територијата на државата се распоредени и воени единици од Германија, Италија и САД.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Констатирани неправилности, Обвинители намерно и неоправдано направиле…
Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на…
Путин како Мицкоски: Тектонски промени во глобалната…
Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на…
Српските возови добиваат бизнис класа
За околу година, година и пол, „Србијавоз“…
Мурати: Македонија некогаш беше пример на надеж…
Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ денеска…
Судот одреди парична казна од 10 илјади…
Судот во Струга го прогласи за виновен…