(Видео) Вакво нешто не се случило со децении: Уште една европска држава жртва на масовни поплави – водата носи цели куќи
Поплавени домови има во Норвешка, откако водостојот на реките е највисок за период од 50 години. Норвешка евакуираше илјадници луѓе поради најголемите поплави во последните децении. Засега нема пријавени жртви.
Во јужниот дел, железничкиот сообраќај е во прекин. Властите во округот Инландет, една од најтешко погодените области во Норвешка, соопштија дека многу луѓе биле отсечени од поплавите и службите за итни случаи можеби нема да можат веднаш да стигнат до сите на кои им е неопходна помош.
„Ние сме во вонредна состојба од национални размери“, истакна во изјавата градоначалникот на Инландет, Ауд Хове.
Владата во средата одлучи да мобилизира повеќе хеликоптери за да учествуваат во евакуацијата. Силен ветер, дожд и лизгање на земјиштето ги зафатија Финска и Шведска во последните денови.
Словенија е разорена од поплавите. Направени се штети на домови и инфраструктура. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска ја изразила својата солидарност и поддршка за Словенија. Државата ќе добие 400 милиони евра помош за санирање на штетите.
Mobile home smashes into bridge amidst devastating #floods in Norway. #NorwayFloods #BridgeCollapse
Heavy rainfall has drenched #Norway and #Sweden, causing a train to derail and roads to flood. pic.twitter.com/3uzMb1BRkj
— Chaudhary Parvez (@ChaudharyParvez) August 9, 2023
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Босна и Херцеговина привремено ги затвора амбасадите…
Заедничките институции на БиХ започнаа подготовки за…
Одморалиштето на Пониква утре ќе прими пациенти…
Одморалиштето на Пониква утре ќе прими пациенти…
Рокас без предвидување за извештајот на ЕП:…
Евроамбасадорот Михалис Рокас рече дека не може…
Просечната нето плата во април 45.452 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во…
Констатирани неправилности, Обвинители намерно и неоправдано направиле…
Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на…