Руски воен брод со предупредувачки истрели запрел товарен брод во Црно Море
Руски воен брод денеска испука предупредувачки истрели кон товарен брод во југозападниот дел на Црното Море. Ова е првпат Русија да пука врз трговски брод откако го напушти Договорот за жито, јави Бета.
Русија минатиот месец унилатерално се повлече од Договорот, во кој посредуваа Турција и Обединетите нации, а се овозможи извоз на житарки од украинските црноморски пристаништа.
Москва предупреди дека сите бродови што влегуваат во украинските води ќе ги смета за легитимна цел, бидејќи тие потенцијално носат оружје.
Во денешното соопштение на руското Министерство за одбрана се наведува дека нејзиниот патролен брод „Василиј Биков“ отворил предупредувачки оган кон товарниот брод „Сукру Окан“ што плови под знамето на Палау, откако капетанот на бродот не одговорил на барањето да застане на проверка, пренесуваат британските медиуми. Потоа, припадници на руската армија се истовариле на бродот со помош на хеликоптер Ка-29, соопшти Министерството.
Откако групата ја заврши инспекцијата, бродот Сукру Окан го продолжи патувањето до пристаништето Измаил, се додава во соопштението на руското МО.
Засега нема изјава, потврда или демант на веста од екипажот на бродот, ниту од сопственикот. Украина и Турција, исто така, досега не излегоа со коментар за инцидентот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…
Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…
ПДПР со демант и објаснување на денешниот…
Реакција и демант По повод видеото што…
Макрадули: Секогаш кога ДПМНЕ е на власт…
*Објава на Фејсбук на Јани Макрадули: -…
Коцевски требаше да ги гони и своите…
Адвокатот Звонко Давидовиќ вечерва во „24 анализа“…
Бела куќа: Иран би можел да произведе…
Иран би можел да произведе нуклеарно оружје…