Шолц се заложи за дипломатско решение за завршување на војната во Украина
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска се заложи за дипломатско решение за завршување на војната во Украина, нагласувајќи дека сегашните разговори се многу важни и можат да овозможат мир.
Во интервју за ЗДФ, тој рече дека минатонеделните мировни преговори во Саудиска Арабија биле многу важни.
-Навистина, тие беа само почеток, но, сепак, тоа е нешто многу посебно, истакна тој.
Германскиот канцелар кажа дека покрај земјите од Латинска Америка и Африка, во разговорите учествуваше и Кина, што може да биде начин за олеснување на мирот.
-Затоа има смисла да се продолжат овие разговори, бидејќи, многу конкретно, тие го зголемуваат притисокот врз Русија да разбере дека е на погрешен пат и дека треба да ги повлече своите трупи и да дозволи мир, нагласи тој.
Тој не ја исклучи испораката на крстосувачките ракети „Таурус“ за Украина. На прашањето зошто Германија сè уште не ги испорача тие проектили, Шолц објасни дека германската Влада, како и во минатото, секогаш внимателно ќе ја проверува секоја одлука „што функционира, што има смисла, каков може да биде нашиот придонес“, додавајќи дека не сака да се брза за ова прашање.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди…
„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за…
Производителите на пченица се во загуба ако…
Благојче Богоески е млад земјоделец од село…
Премиерот повторно излажа: За учество на избори…
Да се тврди дека зголемувањето на прагот…
Од ноќеска ново поскапување на дизелот, ова…
Малопродажнaта цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се…