Адвокатите на Хантер Бајден тврдат дека обвинителите се откажале од договорот за признавање вина
Адвокатите на Хантер Бајден во вчерашното поднесување до судот напишале дека обвинителите се откажале од договорот за признавање вина на синот на американскиот претседател за даночно затајување и прекршоци за нелегално поседување на оружје, отворајќи го патот за судење во време кога Џо Бајден ќе ја води претседателската кампања.
Федералните обвинители на Делавер во петокот изјавија дека Хантер Бајден би можел да се соочи со кривична пријава по прекинот на преговорите за признавање вина.
Окружниот судија Мерилен Нореика го отфрли предложениот договор за признавање вина во јули поради неговата сомнителна законитост и степенот на имунитет што му се понудил на Хантер Бајден.
Според договорот, Хантер Бајден би се изјаснил за виновен дека не платил даноци од 1,5 милиони долари во периодот од 2017 до 2018 година и склучил посебен договор за одложено гонење за незаконско поседување огнено оружје додека користел дрога, што е кривично дело.
Случајот стана политичко прашање бидејќи републиканците во Конгресот ја отворија можноста за импичмент на претседателот Бајден поради деловните зделки на неговиот син и го обвинија Министерството за правда дека му понудил повластен договор.
Американскиот државен обвинител Мерик Гарланд ги отфрли обвинувањата на републиканците за фаворизирање и во петокот на државниот обвинител Дејвид Вајс, назначен од поранешниот претседател Доналд Трамп и кој го истражува случајот од 2019 година, му даде статус на специјален обвинител, давајќи му дополнителни овластувања.
Ако случајот оди на судење, може да се поклопи со претседателската кампања во која Џо Бајден се кандидира за втор мандат на изборите во ноември 2024 година, веројатно против поранешниот претседател Доналд Трамп.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филков: Максим Димитриевски кандидат во Куманово, ЗНАМ…
Претседавачот на Централниот одбор на ЗНАМ Игор…
Нема веќе “Никогаш Северна”: Седум години од…
На денешен ден, 17 јуни, пред точно…
СТАНАРИ ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ БАРААТ ПОМОШ ОД…
Две години жителите во зграда на булевар…
Дали пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денес ќе се…
Денес на дневен ред на Постојаната анкетна…
Koчоска: Цените не се многу високи, горивата…
Горивата се берзански производ на кој не…