Објавено на:

Пазете во Шведска, можен е тероризам – Британија ги предупредува своите граѓани

t

Велика Британија вчера ги предупреди своите граѓани кои патуваат во Шведска за можен тероризам, откако палењето на светата книга Куранот од антиисламски активисти ги вознемири муслиманите.

Британското Министерство за надворешни работи соопшти дека шведските власти успешно спречиле некои планирани напади и извршиле апсења, пишуваат агенциите.

– Треба да бидете внимателни во овој момент. Терористите најверојатно ќе се обидат да извршат напади во Шведска, се наведува во соопштението и се додава дека целта може да бидат места што ги посетуваат странци.

Шведскиот советник за национална безбедност, Хенрик Ландерхолм, ја препозна валидноста на соопштението на Велика Британија и повтори дека палењето на Куранот ја загрозува безбедноста во неговата земја.

Ландерхолм истакнал дека нападот врз шведската амбасада во Ирак на 19 јули, обидот за напад врз шведската амбасада во Либан на 9 август и пукањето кон Швеѓанец вработен во конзулатот во Турција на 1 август придонеле за проценката за зголемен ризик.

Палењето на Куранот во Шведска е дозволено врз основа на слободата на изразување, но муслиманите гледаат на тоа како богохулство.

Владата на САД исто така ги предупреди своите граѓани кои патуваат во Шведска за можни терористички напади во таа земја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Наместо економски бум, Македонија тресна на…

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва укажа…

Украина дозволи двојно државјанство за справување со…

Парламентот на Украина денес усвои нов закон…

Евакуирани дел од американските дипломати во Израел

Двајца американски претставници велат дека владин авион…

Филипче: Скопје е затрупано со ѓубре, Мицкоски…

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, се обрати…

Утре ќе има боево гаѓање кај делчевското…

Поради боево гаѓање со огнено оружје, утре…