Објавено на:

Oгромна експлозија во руската Република Дагестан: Во експлозијата се повредени 102 лица, од кои 27 загинале!

t

Најмалку 27 лица загинаа во експлозија и пожар на бензинска пумпа во Дагестан, руска република на Кавказ, соопшти утринава руското Министерство за вонредни ситуации.

Во експлозијата се повредени 102 лица, од кои 27 загинале, се вели во соопштението на министерството на Телеграм.

Пожарот кој се прошири на околу 600 метри квадратни е изгаснат.

Истрагата за причините за експлозијата е во тек.

Медиумите пренесуваат дека во експлозијата на бензинска пумпа во јужниот руски регион Дагестан меѓу загинатите има и три деца, повикувајќи се на регионалните здравствени власти.

Тринаесет од ранетите се деца, пренесе Интерфакс, повикувајќи се на Министерството за здравство на Дагестан.

Како што соопштија властите, пожарот избувнал во продавница за поправка на автомобили на автопат во главниот град на Дагестан, Махачкала, лоциран на Каспиското Море.

„Тука е како војна“, изјави сведок за новинската агенција Ројтерс.

Авионот е испратен во Махачкала за да ги евакуира тешко повредените во Москва, соопшти руското Министерство за вонредни состојби на апликацијата за пораки Телеграм.

Експлозијата се случила во понеделникот вечерта во 21:40 часот по локално време, изјави на Телеграм Сергеј Меликов, шеф на администрацијата на Дагестан.

„Ги истражуваме причините за експлозијата“, додаде тој.

На пожарникарите им биле потребни повеќе од три и пол часа да го изгаснат пожарот, јави државната новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на соопштение на руската служба за итни случаи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…

Украинската армија доби нов командант

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…

Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…

Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…

ПДПР со демант и објаснување на денешниот…

Реакција и демант По повод видеото што…

Макрадули: Секогаш кога ДПМНЕ е на власт…

*Објава на Фејсбук на Јани Макрадули: -…