Објавено на:

Се налутија Украинците… Украина категорично ја отфрли можноста да се откаже од територии во замена за членство во НАТО

t

Украина нема да се согласи на територијални отстапки со Русија, заради приклучување кон Северноатлантската алијанса, порача советникот на шефот на кабинетот на укрианскиот претседател Михаил Подољак.

„Да се размени територија за чадорот на НАТО? Чудно. Односно, тоа значи свесно да се избере да биде поразена демократијата, да се охрабри глобалниот криминалец, да се зачува рускиот режим, да се уништи меѓународното право и да се пренесе војната на другите поколенија“, објави Подолјак на социјалната мрежа X, поранешната Twitter.

Подолјак истакна дека претставниците на НАТО треба да зборуваат за забрзување на испораките на оружје за Украина, а не за отстапување територии на Русија. Обидите да се зачува постојниот светски поредок и триумфот на Путин наместо мир во светот, ќе донест нова војна, оцени Подољак.

„За Русија е очигледно дека нема да успее да ја добие оваа војна и дека нема да успее да ја заземе цела Украина. Но ова не ја негира главната желба за проширување. Така едноставно почнувате со убивање Украинци, односно се додека не се уништи државноста во целина. Русија во оваа фаза не е толку подготвена да продолжи војната со висок интензитет, само сака да ги намали ризиците и интензитетот на бојното поле.“–Михаил Подолјак, Советникот на шефот на кабинетот на украинскиот претседател.

Претходно предлогот Украина да добие столче во НАТО во замена за териотрија, протече од шефот на кабинетот на генералниот секретар на Алијансата, Стијан Јенсен. Според него, во блокот веќе било дискутирано по тоа прашање, објавија светските медиуми. Јенсен кој вчера беше цитиран од норвешкиот весник „Verdens Gang“ денеска за истиот медиум излезе со објаснување дека „Украина одлучува за мировните услови“. Весникот наведува дека началникот на Генералштабот Стиан Јенсен сега ја нијансира својата изјава за отстапување на територија на Русија во замена за членство во НАТО. – Мојата изјава за ова беше дел од поголема дискусија за можните идни сценарија во Украина и не требаше да го кажам тоа така. Тоа беше грешка, изјавил Јенсен за „Verdens Gang“.

Меѓу време и заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев ја оцени како интересна идејата на канцеларијата на Северноатлантската алијанса Украина да се откаже од спорните територии во замена за членство во НАТО и изјави дека властите во Киев можеби ќе треба да се откажат и од самиот Киев, главниот град на Стара Русија“, објасни тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…

Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…

Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…

Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…

МАКЕДОНИЈА НА УДАР ОД ГЛОБАЛНИТЕ КРИЗИ: Како…

Продолжувањето на конфликтите на Блискиот Исток и…

Просторот околу Собранието прогласен за безбедносна зона…

Собранието на предлог на Владата, усвои нов…

Сенатот го усвои крипто-законот кој е поддржан…

Сенатот на САД го усвои Законот за…