Објавено на:

Залужни разговарал со амерински и британски партнери за поголема соработка

t

Врховниот командант на вооружените сили на Украина Валериј Залужни разговараше со врховниот сојузнички командант на НАТО и командант на американските сили во Европа, генерал Кристофер Каволи и началникот на одбранбениот штаб на вооружените сили на Велика Британија, адмиралот Тони Радакин за соработката во воената сфера.

Врховниот командант на вооружените сили ги информирал партнерите за состојбата на фронтот и за време на офанзивните и одбранбените операции на украинските сили. Учесниците на состанокот разговарале и за можни непријателски дејствија. Тие особено се фокусирале на потребите на воените единици.

Залужни истакна дека на одбранбените сили им е потребна муниција, оружје, системи за противвоздушна одбрана, системи за електронско војување и уреди за далечинско деминирање.

-Друго важно прашање се беспилотните летала. Спротивставување на непријателските беспилотни летала и градење сопствени способности, напиша Залужни на каналот Телеграм, пренесуваат украинските медиуми.

Според врховниот командант на украинската армија, на средбата со партнерите било договорено работата да се насочи во оваа насока. Тие разговараа и за зајакнување на заштитата на критичните инфраструктурни објекти од непријателски воздушни напади. Залужни им се заблагодари на американскиот и британскиот партнер за поддршката и помошта во борбата против рускиот агресор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Просечната нето плата во април 45.452 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во…

Констатирани неправилности, Обвинители намерно и неоправдано направиле…

Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на…

Путин како Мицкоски: Тектонски промени во глобалната…

Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на…

Српските возови добиваат бизнис класа

За околу година, година и пол, „Србијавоз“…

Мурати: Македонија некогаш беше пример на надеж…

Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ денеска…