Документи од 1904 година: Турскиот султан бара големите сили да не го употребуваат името Македонија

t

Фејсбук страната Macedonia : a True Endless Story редовно објавува историски документи кои ја потврдуваат посебноста на Македонија, македонскиот народ, јазик, историја, култура, традиција.

Во објава на Фејсбук тие денеска споделија документ, извештај на турскиот султан кој бара големите сили да ја почитуваат забраната за името Македонија, од 1904 година.

-Даваме на увид таен извештај од 20 март, 1904 година за барањето на Турскиот Султан Абдул Хамид II, Англија и Франција официјално да не го употребуваат името Македонија, туку да го користат терминот Румелија.

Извештајот е насловен „За македонските работи – Загриженост на султанот во врска со англиско-францускиот договор“ и се однесува на реорганизaцијата нa Османлиската жандармерија во Македонија, како дел од вкупните реформи предвидени со Берлинскиот договор.

Извешатајот е дел од размената на информации меѓу англиската и француската разузнавачка служба во врска со мисијата за споменатата реорганизација на жандармеријата. Во извештајот се вели:

– „Има уште еден услов кој што на султанот му е многу важен, а тоа е зборот Макeдонија повеќе да не биде официјално употребуван. Суверенот не прифаќа постоење на Македонија и ние (Французите и Англичените) ќе мора да го употребуваме изразот: Румелија“.

Барањето на султанот ја потврдува неговата намера да ја релативизира што е можно повеќе големината и влијанието на името Македонија (и следствено на името Македонци) како фактор со сериозна културно-историска и државотворна основа, кое име може да биде ползувано во политички цели наспороти Османлиските владеачки интереси.

Инаку, барањето за забрана на употреба на имињата Македонија и Македонци, т.е. нивното преименување, е потегнато од царска Русија (од грофот В.Н. Ламсдорф) во согласност со Франција (Теофил Делкасе) и Австро-Унгарија (грофот Агенор Голуxовски), затоа што според нив не било во план Македонија да стане политичка единица. [1]

Првичното преименување според договорот требало да биде во „трите вилаети“ наместо Македонија и во „христијаните на трите вилаети“ наместо Македонци, меѓу останатите наметнувани термини.

Предлогот подоцна е прифатен и спроведен од султанот на 7 април 1903 година согласно co своите империјални интереси. Неговатa цел била да се поништи меѓународно-политичкиот карактер на македонското прашање кое се врзува со членот 23 од Берлинскиот договор и истото да се стави во категоријата внатрешни работи на Османлиското Царство.

Барањето пак на султанот до Англија и Франција во приложениот извештај укажува на неговата намера забраната да биде почитувана од тие две држави во пракса.

Меѓутоа, во некои од записите на странските инспектори на теренот во периодот 1904-1906г. по повод реформите на Османлиската жандармерија, како тие на мајорот Л. Фалконети, се прави jасна разлика меѓу Македонците, Бугарите и Грците.

ИЗВОР: “Les affiare de Macedoine – Les inquetudes du Sultan au suge de l’accord anglo-francais 19040320,” No. 7N1642, Ministre des Armees, Service Historique de la Défense, Centre Historique des Archives at Vincennes.

[1] Архив внешней политики Российской империи (АВПРИ). Ф. 151. Оп. 482. Д. 1008. Л. 84–85.

ЗАБЕЛЕШКА: Благодарност до Тони Алекcовски за вложениот напор да го најде документот во француските архиви, како и да преведе и укаже на соодветни појаснувања во текстот. – стои во објавата на Фејсук.

ЛИНК од објавата на Фејсбук

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Во Турција над 14.000 луѓе повредени при…

Министерот за здравство на Турција, Кемал Мемишоглу,…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…

Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…

Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…