Објавено на:

Зеленски најави можност за преговори за Крим

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е можно да се преговара за решение за Крим, полуостров што беше анектиран од Русија во 2014 година, место и натаму да се користи сила, пренесе Хина.

-Кога ќе бидеме на административните граници на Крим, мислам дека ќе биде можно политички да ја принудиме Русија да ја демилитаризира територијата на полуостровот, рече Зеленски во вчерашното интервју кое денеска го пренесоа неколку украински медиуми.

Киев се бори против сеопфатната инвазија на Русија и постојано ја искажува својата намера да го врати Крим, како и сите области окупирани од почетокот на војната во февруари 2022 година.

Украинските војници на југот на земјата постепено напредуваат кон брегот на Црно Море, во обид да ја прекинат руската рута за снабдување.

Зеленски кажа дека политичкото решение за Крим би било подобро бидејќи тоа би значело помалку жртви.

Украинскиот претседател нагласи дека не сака војната да се префрли на руска територија. Тој истакна дека целта е да се ослободи територијата на Украина и оти напредувањето на руска територија би ризикувало неговата земја да ја изгуби клучната поддршка од Западот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британија привремено го повлекува целиот персонал од…

Велика Британија соопшти дека привремено го повлекува…

Босна и Херцеговина привремено ги затвора амбасадите…

Заедничките институции на БиХ започнаа подготовки за…

Одморалиштето на Пониква утре ќе прими пациенти…

Одморалиштето на Пониква утре ќе прими пациенти…

Рокас без предвидување за извештајот на ЕП:…

Евроамбасадорот Михалис Рокас рече дека не може…

Просечната нето плата во април 45.452 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во…