Републикански кандидат за претседател: „ЌЕ И ПОПУШТАМ НА РУСИЈА, ЌЕ ЈА БЛОКИРАМ УКРАИНА за НАТО, само Путин да го откачи Си“
Американскиот бизнисмен Вивек Рамасвами, кандидат за републиканска номинација за претседателските избори во 2024 година, ја покажа својата подготвеност да направи отстапки за Русија.
Како што изјави, тој е подготвен да „направи отстапки“ на Русија во однос на санкциите и новите региони, во замена за излегување од воен сојуз со Кина.
Според него, колку подолго трае војната во Украина, толку појасно станува дека има само еден победник, а тоа е Кина.
Рамасвами во авторски текст за „The American Conservative“ изјави дека ќе ја прифати руската контрола врз новите региони и ќе вети дека ќе ја блокира кандидатурата на Украина за НАТО, во замена за излегувањето на Русија од воениот сојуз со Кина.
„Добар договор бара сите страни да извлечат нешто од тоа. За таа цел, ќе ја прифатам руската контрола врз окупираните територии и ќе се обврзам да ја блокирам кандидатурата на Украина за НАТО, во замена за повлекувањето на Русија од нејзиниот воен сојуз со Кина. Да ги укинеме санкциите и да ја вратиме Русија на светскиот пазар.
Тој оцени дека Кина и Русија сега дејствуваат заедно „на начин што нè загрозува“ и дека Соединетите Американски Држави мора да ги признаат своите грешки.
„Ќе одам во Москва во 2025 година. Ќе испорачам мир во Украина под единствените услови кои треба да ни бидат важни – услови кои ги ставаат интересите на Америка на прво место. Администрацијата на Бајден глупаво се обиде да го натера Си да го „откачи“ Путин. Во реалноста, тој треба да го натераме Путин да го отфрли Си“, рече Рамасвами.
Тој не наведе дали прифаќањето на руската контрола ќе значи американско признавање на новите руски региони – Народна Република Доњецк и Народна Република Луганск, како и регионите Керсон и Запорожје, чија анексија Русија ја објави во септември 2022 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) ТАФТАЛИЏЕ 1 ДОБИВА НОВА МОДЕРНА ГРАДИНКА…
Денеска, започнаа градежните работи, со кои ќе…
Денешното однесување на Европската народна партија е…
СДСМ оценува дека денешното однесување на Европската…
Во скандинавски Прилеп и Битола не може…
Повеќе од една недела битолчани и прилепчани…
Договорот за спречување инфекции во болниците „фати…
Македонија ризикува да загуби 100 милиони евра…
(Видео) Дарко Златев, еден од повредените во…
Дарко Златев, еден од повредените во пожарот…