Нов пуч во Африка: Група воени офицери објавија дека ја преземаат власта во Габон
рупа воени офицери се појавија на државната телевизија во Габон и објавија дека ја преземаат власта.
Тие навеле дека нема да ги признаат резултатите од саботните избори, на кои победи претседателот Али Бонго.
Изборната комисија соопшти дека Бонго освоил нешто помалку од две третини од гласовите на изборите за кои опозицијата тврдеше дека биле нерегуларни и нелегитимни.
Неговото соборување ќе стави крај на 53-годишното владеење на неговото семејство во Габон.
На телевизија се појавија 12 војници кои објавија дека ги поништуваат изборните резултати и ги распуштаат „сите институции на Републиката“.
„Одлучивме да го браниме мирот со ставање крај на сегашниот режим“, изјави еден од офицерите за телевизијата Габон 24.
Ова, додаде тој, се однесува на „неодговорно и непредвидливо владеење што резултира со континуирано влошување на социјалната кохезија што ризикува да ја доведе земјата во хаос“.
Бонго дојде на власт кога неговиот татко Омар почина во 2009 година.
Во 2018 година доживеа мозочен удар поради кој речиси една година не можеше да ги извршува обврските, а имаше и барања да се пензионира.
Една година подоцна, по неуспешниот обид за државен удар, воените бунтовници беа испратени во затвор.
Габон е земја на западниот дел на Африка, на брегот на Атлантскиот Океан, каде живеат околу 2,5 милиони луѓе од различни етнички групи.
Во земјата преовладува христијанството, како водечка религија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Брука невидена! Државата пак ќе собира донации…
Министерството за здравство (МЗ) ќе раководи со…
Распад на енергетскиот систем: Управа со измислени…
После 10 дена од испаѓањето на РЕК…
(Видео) Кривична пријава за узурпација на јавен…
Три месеци по трагедијата во клубот „Пулс“…
Мицкоски: Нашата држава е една од најбрзорастечките…
-Ние сме новата надеж. Ние сме промената…
Мицкоски: Гајбата пред кооперација е поудобна од…
Претседателот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан…