Kaко пират: Германскиот канцелар доживеа несреќа, па сподели слика на социјалните мрежи
Германскиот канцелар Олаф Шолц прилично изненаден откако имаше пет минути близок контакт со земјата, по што заврши со црн превез на очите.
Според пишувањата на медиумите, Шолц се здобил со повреда додека џогирал во неговиот роден град Потсдам, а портпаролката на германската влада објавила дека тоа се случило во саботата, кога канцеларот се сопнал додека трчал на вообичаената рута и се здобил со отечено десно око и гребаници на неговото лице.
Самиот Шолц пак на Твитер објави фотографија со неговиот нов имиџ, наведувајќи дека е подготвен да прифати шегување на своја сметка и дека неговото лице изгледа многу „полошо отколку што навистина е“.
Неговите очекувања се исполнија, и следеше лавина на шеги на негова сметка , а неговите следбеници веднаш го споредија со пират.
Социјална мрежа Твитер беше преплавена со „мимови “(memes) со Шолц на брод, и папагал на рамото или во стилот на капетанот Кук .
Wer den Schaden hat…
Bin gespannt auf die Memes. Danke für die guten Wünsche, sieht schlimmer aus, als es ist! pic.twitter.com/bB5INX8HnM— Bundeskanzler Olaf Scholz (@Bundeskanzler) September 4, 2023
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Нано-игла“ илјада пати потенка од човечко влакно…
Истражувачите од Кралскиот колеџ (King's college) во…
Карлсон: Војната со Иран би значела крај…
Познатиот американски политички коментатор и новинар Такер…
Пристигнаа компресивните костуми за повредените во Кочани
Организацијата „Супорт Кочани“ денеска ја презеде првата…
Трамп: Иран требаше порано да преговара
Актуелниот американски претседател Доналд Трамп изјави на…
Се урна стар мост во Индија, има…
Четири лица загинаа, а 51 се повредени…