Д-р Нино Васев обвинет за несовесно работење во службата за случај од 2019 година кога пациент починал откако на Онкологија не бил навремено лекуван
Поранешниот директор на Клиниката за онкологија доктор Нино Васев, денеска немаше коментар за состојбите на клиниката, каде во петокот истражните органи направија претрес и ги запленија медицинските истории на илјадници пациенти, за да истражат обележја на евентуални кривични дела. На новинарското прашање дали се препродавале лековите, одговор немаше. Тој само кусо одговори дека сега не е време да се коментира. Во Кривичниот суд доктор Васев се појави за друг случај кој не е поврзан со петочниот претрес, во својство на обвинет за несовесно работење во службата.
Случајот се однесува на пациент со малиген меланом кој починал во 2018 година откако не му била веднаш укажана медицинска помош.
Според обвинителството, доктор Васев не му одобрувал терапија на сега покојниот пациент со месеци, а на крајот го упатил сам да си ги набави лековите од Бугарија и овие дејствија ги презел и покрај тоа што не му бил ординирачки доктор на пациентот, туку ординирачки доктори му биле специјалистите Игор Стојковски и Марија Симоновска. Тие двајца се обвинети за несовесно лекување болни.
-Кривичната пријава против овие доктори ја поднело семејството на починатиот пациент со тешко карциномско заболување кој бил однесен на Клиниката за Онкологија и не бил соодветно третиран и лекуван. Односно, поради недоразбирања и погрешно воспоставени дијагнози не му биле дадени соодветни лекарства за лекување на болеста која била евидентирана на Клиниката и која што добила ординирачки доктор.Таквото нелекување и неукажување на помош на пациент според стандардите и според одредбите на Законот за здравствена заштита и Законот за заштита на правата на пациентите подлежи на кривична одговорност. Прашањето зошто не му биле давани лекови е прашање на мотивот на сторување на кривичното дело кој што не сме обврзани да го разбереме во моментот кога го поднесуваме обвинението. Но, доволни се фактите кои што значат елемети: дека одреден пациент со одредена потреба не бил лекуван според стандарди и одредби како што предвидува законот. Зошто е тоа така направено, кои се вистинските мотиви можеби ќе се одговори по завршувањето на оваа главна расправа, изјави обвинителката Лидија Раичевиќ.
На прашањето на „Слободен печат“ дали лекот е набавен преку државен тендер, таа посочи дека тоа не е предмет на обвиниението кое таа го застапува.
-Во овој случај се работи за лек кој што оштетените го купувале самостојно и биле упатени да го купуваат во соседна држава. Но, суштината на дејствијата за кои што јас гонам е непрепишување на лек, недавање на лек. Откако лекот е купен во странство, тој е аплициран. Содржината на овие кривични дела е тоа што лекувањето не е навреме почнато, не е почнато на адекватен начин, појасни обвинителката.
Семејството само посочило дека им било кажано да го купат лекот од Бугарија, а дали лекот бил на листата терапии што ги набавува Клиниката или не, не е во ингеренции на обвинителството во овој конкретен предмет.
Предметот е оформен во 2021 година, истрагата ја водеше ОЈО самостојно без асистенција на МВР. Обвинението е поднесено во 2021 година. Оттогаш до денес се одвива главната расправа која е во напредна фаа. Одбраната во моментот предлага докази кои треба да се сослушаат и судот да донесе одлука.
Извор: Слободен печат
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: По 20 години непостапување се расчистува…
После 20 годии шепотење и непреземање ништо…
Нема седница за Анкетната комисија за Онкологија,…
Сѐ уште сум во шок поради тоа…
Нино Васев ја бранeше набавката на лекови…
Поранешниот директор на Клиниката за радиотерапија и…
На распит пред Анкетната комисија актуелни и…
На собраниската Анкетна комисија за скандалот во…
Јовески: Можно е вештачењето за Онкологија да…
Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески вечерва соопшти…