Американски генерал: На Украина ѝ остануваат нешто повеќе од 30 дена борби пред лошите временски услови
На Украина ѝ остануваат уште малку повеќе од 30 дена борби пред временските услови да почнат да влијаат врз контраофанзивата, изјави началникот на Генералштабот на американската армија, генерал Марк Мили.
Зборувајќи заедно со началникот на Генералштабот на британската армија, Тони Радакин, за Би-би-си, Мили рече дека контраофанзивата напредува побавно од очекуваното и дека сè уште се водат тешки борби.
Тој оцени дека е рано да се каже дали контраофанзивата пропаднала.
„Има уште доволно време, веројатно 30-45 дена за борба. Има битки што не се завршени. Украинците сè уште не го завршиле борбениот дел од она што се обидуваат да го постигнат“, рече Мили.
Контраофанзивата што ја почнаа украинските сили во текот на летото има цел да ги ослободи териториите окупирани од Русија, но досега не се постигнати големи успеси и покрај тоа што украинските генерали тврдат дека ги пробиле првите линии на одбрана на руските сили на јужниот фронт.
„Реков на почетокот на војната дека ќе трае долго и дека ќе се развива полека и дека ќе има многу жртви, а токму тоа се случува“, рече Мили.
Генералот Тони Радакин изјави дека Украина победува, а Русија губи.
„Тоа е затоа што целта на Русија беше да ја освои Украина и да ја стави под своја контрола. Тоа не се случи и никогаш нема да се случи, и затоа Украина победува“, рече тој.
Додаде дека Украина вратила 50 отсто од територијата што Русија ја окупира.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Нано-игла“ илјада пати потенка од човечко влакно…
Истражувачите од Кралскиот колеџ (King's college) во…
Карлсон: Војната со Иран би значела крај…
Познатиот американски политички коментатор и новинар Такер…
Пристигнаа компресивните костуми за повредените во Кочани
Организацијата „Супорт Кочани“ денеска ја презеде првата…
Трамп: Иран требаше порано да преговара
Актуелниот американски претседател Доналд Трамп изјави на…
Се урна стар мост во Индија, има…
Четири лица загинаа, а 51 се повредени…