Политико: Зошто говорите на ЕУ се толку досадни
Почитувани пратеници… подгответе се за спиење. Сите говори во Европската унија треба да почнат со овие зборови доколку политичарите од бриселскиот круг беа искрени, пишува порталот Политико пред говорот на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен за состојбата на Унијата.
На прашањето зошто највисоките функционери на ЕУ обично предизвикуваат проѕевања наместо одобрување со своите говори, Политико забележува дека првиот предизвик со кој се соочува еден говорник на ЕУ е како да ги заинтересира слушателите за политики што не им се блиски. Ден Собовиц, кој пет години пишуваше говори за комесарот на Европската комисија Марош Шефчович, предупредува на дополнителен предизвик – медијаторите.
„Европските политичари никогаш нема да се спојат со народот затоа што другите професии, како што се новинарите или влијателите, ги толкуваат политиките од Брисел на национално ниво“, вели Собовиц, унгарско-швајцарско-израелски експерт за комуникации.
„Има ли противотров? Има! Треба да се зборува лично, од себе. Говорникот треба да ги испреплетува политиката (за која се залага) и сопствената личност, сопствената биографија во својот говор“, вели Собовиц.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…