Поради наводна вонбрачна афера: Сменет поранешниот шеф на кинеската дипломатија
Поранешниот кинески министер за надворешни работи Чин Ганг, сменет од таа функција во јули, имал вонбрачна врска додека служел како амбасадор во Соединетите држави, објави Волстрит џурнал.
Чин соработувал во истрагата, која сега е фокусирана на тоа дали аферата или однесувањето на Чин ја загрозиле националната безбедност на Кина.
На високи кинески функционери им било кажано дека внатрешната истрага на Комунистичката партија покажала дека Чин се вклучил во аферата додека бил амбасадор на Кина во САД.
Чин беше сменет во јули од страна на ветеранот, дипломат Ванг Ји како министер за надворешни работи, откако Чин беше отсутен еден месец по едвај половина година на функцијата. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Крмов: Имаме скржава власт која одвои…
Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седницата…
Сите на одмор: На „Табановце“ и „Богородица“…
На граничните премини „Табановце” и „Богородица”, времето…
Иран со ново предупредување: Следуваат уште поостри…
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан испрати силна порака…
Прекината истрагата за Панчо од ДНК
Обвинение за 34 физички и три правни…
„На здравје за молкот“
Кратка тажна приказна од нашето секојдневие… Летото…